Опис на класата од Ничанската класификација 1
Хемиски производи за индустријата, науката, фотографиите, како и за земјоделието, градинарството и шумарството; Сурови вештачки смоли, сурови пластични материи; Смеши за гаснење и спречување пожар; Препарати за калење и заварување метали; Супстанции за штавење на животински кожи; Адхезиви [лепливи материи] наменети за индустријата; Кит [мека, леплива смеса] и други пасти и полнила; Компост, природни и вештачки ѓубриња; Биолошки препарати за употреба во индустријата и науката
Опис на класата од Ничанската класификација 2
Бои, фирнајзи, лакови; Средства за заштита од 'рѓа и гниење на дрвото; Материи за боење; Мастила за печатење, маркирање и гравирање; Сурови природни смоли; Метали во листови и во прав за примена во сликарството, уредувањето на просторот, печатарството и уметноста
Опис на класата од Ничанската класификација 3
Немедицински козметички и тоалетни препарати; Немедицински забни пасти; Парфимерија, есенцијални масла; Средства за белење и други супстанции за перење; Препарати за чистење, полирање, триење и нагризување
Опис на класата од Ничанската класификација 4
Индустриски масла и масти, восок; Мазива; Соединенија за собирање прашина со навлажнување и врзување; Горива [вклучително и течните горива за мотори] и материи за осветрлување; Свеќи и фитили за осветлување
Опис на класата од Ничанската класификација 5
Фармацевтски, медицински и ветеринарни препарати; Санитарни препарати за медицински цели; Диететска храна и супстанции прилагодени за медицинска или ветеринарна употреба, храна за бебиња; Додатоци во исхраната за луѓе и животни; Фластери, материјали за завои; Материјал за пломбирање на заби, забарски смоли; Средства за дезинфекција; Препарати за уништување на штетници; Фунгициди, хербициди
Опис на класата од Ничанската класификација 6
Обични метали и нивните легури, руда; Метални градежни и конструкциски материјали; Метални преносни конструкции; Жици и кабли од обичен метал кои не се електрични; Мали предмети од метал [железарија]; Метални контејнери за складирање или транспорт; Сефови
Опис на класата од Ничанската класификација 7
Машини и машински алати, електрични алати; Мотори и погонски машини [освен за сувоземни возила]; Машински спојници и трансмисиски елементи [освен за сувоземни возила]; Земјоделски направи [кои не се рачни]; Инкубатори за јајца; Автоматски апарати за продажба
Опис на класата од Ничанската класификација 8
Рачни алатки и орудија [се ракуваат рачно]; Прибор за јадење; Ладно оружје, освен огнено оружје; Жилети
Опис на класата од Ничанската класификација 9
Апарати и инструменти: научни, поморски, геодетски, фотографски, кинематографски, оптички, за вагање, за мерење, сигнализација, контрола (инспекција), спасување и настава; Апарати и инструменти за спроведување, вклучување, трансформирање, акумулирање, регулирање или контролирање на електрицитетот; Апарати за снимање, пренос или репродукција на звук или слика; Магнетски носачи на податоци, дискови за снимање; Механизми за апарати што се активираат со монети; Регистар каси, машини за сметање и опрема за обработка податоци, компјутери; Апарати за гаснење пожар
Опис на класата од Ничанската класификација 10
Хируршки, медицински, забарски и ветеринарни апарати и инструменти; Вештачки екстремитети, очи и заби; Ортопедски помагала; Хируршки материјали за шиење; Терапевтски и помошни направи приспособени за лица со посебни потреби; Апарати за масажа; Апарати, помагала и предмети за доење; Апарати, помагала и предмети за сексуална активност
Опис на класата од Ничанската класификација 11
Апарати за осветлување, греење, производство на пареа, варење [готвење], ладење, сушење, вентилација, снабдување со вода и за санитарни намени
Опис на класата од Ничанската класификација 12
Возила; Апарати за движење по земја, воздух или вода
Опис на класата од Ничанската класификација 13
Огнено oружје; Муниција и проектили; Експлозиви; Средства за огномет
Опис на класата од Ничанската класификација 14
Благородни метали и нивните легури; Накит, скапоцени и полускапоцени камења; Часовници и хронометриски инструменти
Опис на класата од Ничанската класификација 16
Хартија и картон; Печатени работи; Книговезнички материјал; Фотографии; Канцелариски материјали и канцелариски предмети, освен мебел; Лепила за канцелариска и куќна употреба; Материјали за сликање и материјали за уметници; Сликарски четки; Материјали за обука и настава; Пластични листови, фолии и кеси за завиткување и пакување; Печатарски букви, клишиња
Опис на класата од Ничанската класификација 17
Сурова и полупреработена гума, гутаперка, каучук, азбест, лискун и замена за сите тие материјали; Пластика и смола во обликувана форма за користење во производството; Материјали за подлошки, за заптисување и за изолација; Свитливи неметални цевки и црева
Опис на класата од Ничанската класификација 18
Кожа и имитација на кожа; Кожа и крзно од животни; Куфери и патнички торби; Чадори за дожд и за сонце; Стапови за одење; Камшици, узди и сарачки производи; Околувратници, ремени и облека за животни
Опис на класата од Ничанската класификација 19
Градежни материјали [неметални]; Цврсти неметални цевки за градба; Асфалт, црна смола и битумен; Неметални преносливи конструкции; Споменици, што не се од метал
Опис на класата од Ничанската класификација 20
Мебел, огледала, рамки за слики; Неметални контејнери, за складирање или транспорт; Необработена или полуобработена коска, рог, китова коска или седеф; Школки; Морска пена; Килибар
Опис на класата од Ничанската класификација 21
Куќни или кујнски апарати и садови за домаќинството; Садови за готвење и прибор за јадење освен виљушки, ножеви и лажици; Чешли и сунѓери; Четки, освен сликарски четки; Материјали за правење четки; Производи што се користат за чистење; Необработено и полуобработено стакло [освен градежно стакло]; Стакларија, порцелан и грнчарија
Опис на класата од Ничанската класификација 22
Јажиња и канапи; Мрежи; Шатори и церади; Настрешници од текстил или синтетички материјали; Едра; Вреќи за транспорт и складирање на растурени [рефус] материјали; Материјали за полнење, поставување и обложување освен од хартија, картон, гума или пластика; Сурови текстилни влакнести материјали и нивни замени
Опис на класата од Ничанската класификација 23
Предено и конец за текстилна употреба
Опис на класата од Ничанската класификација 24
Текстил и замена за текстил; Платно за домаќинства; Завеси од текстил или пластика
Опис на класата од Ничанската класификација 26
Тантели, везови, панделки и гајтани; Петлици, копци, закачки и окца, топуски и игли; Вештачки цвеќиња; Украси за коса; Вештачка коса
Опис на класата од Ничанската класификација 27
Килими, рогузини, простирки и бришачи, линолеум и други подни прекривки; Ѕидни тапети [што не се од текстил]
Опис на класата од Ничанската класификација 28
Игри и играчки; Апарати за видео игри; Производи за гимнастика и спорт; Украси за елки
Опис на класата од Ничанската класификација 29
Месо, риба, живина и дивеч; Месни преработки; Конзервирано, смрзнато, сушено и варено овошје и зеленчук; Желе, џемови, компоти; Јајца; Млеко и млечни производи; Масла и масти за јадење
Опис на класата од Ничанската класификација 30
Кафе, чај, какао и замена за кафе; Ориз; Тапиока и саго; Брашно и производи од жита; Леб, производи од тесто и слатки; Сладолед; Шеќер, мед, меласа; Квасец, прашок за печење; Сол; Оцет, сосови [како мирудии]; Мраз [замрзната вода]
Опис на класата од Ничанската класификација 31
Сурови и непреработени земјоделски, аквакултурни, хортикултурни и шумски производи; Сурови и непреработени зрна и семиња; Свежо овошје и зеленчук, свежи билки; Природни билки и цвеќиња; Луковици, садници и семиња за садење; Живи животни; Храна и пијалоци за животни; Слад
Опис на класата од Ничанската класификација 32
Пива; Минерална и сода вода и други безалкохолни пијалоци; Пијалоци од овошје и овошни сокови; Сирупи и други препарати за производство на пијалоци
Опис на класата од Ничанската класификација 33
Алкохолни пијалоци [освен пива]
Опис на класата од Ничанската класификација 34
Тутун; Производи за пушачите; Кибрити
Опис на класата од Ничанската класификација 35
Рекламирање; Канцелариски работи
Опис на класата од Ничанската класификација 36
Услуги за агенција за недвижнини
Опис на класата од Ничанската класификација 37
Градежни конструкции; Инсталациски услуги
Опис на класата од Ничанската класификација 39
Транспорт; Пакување и складирање стоки; Организирање патувања
Опис на класата од Ничанската класификација 41
Образование; Обука; Забава; Спортски и културни активности
Опис на класата од Ничанската класификација 42
Научни и технолошки услуги и истражување и проектирање поврзано со нив; Услуги за индустриски анализи и истражувања; Проектирање и развој на компјутерски хардвер и софтвер
Опис на класата од Ничанската класификација 43
Услуги за обезбедување храна и пијалоци; Привремено сместување
Опис на класата од Ничанската класификација 44
Медицински услуги; Ветеринарни услуги; Хигиенска нега и нега на убавината на луѓето или животните; Услуги од областа на земјоделството, градинарството и шумарството
Опис на класата од Ничанската класификација 45
Правни услуги; Безбедносни услуги за физичка заштита на имот и лица