Прашања и одговори за таксономија
logo
  1. Што е таксономија?

    Таксономијата е алатка за помош при класификација.

    Тоа е нов начин на организирање на производите и услугите во хиерархиска структура во заедничката европска база на податоци (Усогласена база на податоци *) со помали групи во рамките на секоја класа за производи и услуги поврзани со реалноста на пазарот, но сè уште се задржува системот за класифицирање согласно Ничанската класификација востановена со договорот од Ница.

  2. Дали таксономијата е нов систем за класифицирање? Ќе го замени ли тековниот систем на Ничанската класификација (Ница)?

    Не, таксономијата не е нов систем за класификацирање, ниту ќе ја замени Ничанската класификација.

    Ничанската класификација е стандард за класификацирање на производи и услуги кај барањата и регистрациите за трговски марки.

    Таксономијата ја користи Ничанската класификација како основа и се надградува врз неа. Првото ниво на таксономијата е земено од Ничанската класификација и се дели на 45 класи.

  3. Која е целта на таксономијата?

    Таксономијата ќе ви овозможи да пронајдете соодветни термини за да ги опишете вашите производи и услуги на брз и интуитивен начин.

    Таксономијата дава преглед и разбирање за тоа како и каде се класифицираат производите и услугите така што ќе даде увид на целосната хиерархиска структура на класата.

  4. Кои термини се структурирани со помош на таксономијата?

    Скоро 65.000 термини од Усогласената база на податоци*, кои ги вклучуваат и сите термини од азбучните списоци од Ница, таксономијата ги става во логична структура.

  5. На кој начин можам да го користам дрвото за таксономија?

    Прегледување: Ако сакате да го видите целиот систем за класификацирање, може да прегледувате низ структурата на таксономијата. На левата страна ќе видите 45 класи и може да ја отворите секоја класа за да ги видите групите подолу. На овој начин, може брзо да видите кои производи и услуги ги има во секоја класа. Може да се фокусирате на групите термини што ве интересираат и да ги занемарите термините што не ви се од интерес.

    Пребарување: Ако го знаете видот на производи и услуги што ве интересираат, може да извршите пребарување. На десната страна ќе ги видите сите термини кои го содржат пребаруваниот збор. На левата страна од дрвото на таксономијата ќе видите каде се наоѓаат тие термини во 45-те класи. Ова ќе ви овозможи да се фокусирате на групите термини што ве интересираат.

  6. Сакам да поднесам барање за мои трговски марки за делови и опрема за музички инструменти (жици за гитара). Каде може да најдам делови и опрема во структурата на таксономијата?

    Сите поединечни делови и опрема се во рамките на групата на главните производи во која припаѓаат тие делови и опрема. На пример, деловите и опремата за гитари, т.е. жици за гитари, може да се најдат во групата за „Жичени инструменти“.

    Запомнете дека ако го има терминот „Жичени инструменти“ во список на производи и услуги, тоа сепак не значи дека ќе ги опфати и самите жици. За да бидат опфатени деловите и опремата, тие конкретни групи ќе треба да бидат додадени во списокот.

  7. Какви се законските импликации од таксономијата?

    Нема никакви.

    Таксономијата е алатка за помош при класификација. Од структурата не можат и не треба да се извлечат никакви правни последициT.

    Обемот на заштита е дефиниран само од природното значење на терминот, а не од неговата положба во дрвото на таксономијата.

Усогласената база на податоци е заедничка база на податоци на прифатени термини кои ги спроведуваат моментално усогласените заводи (наведено на почетната страница од TMclass) и ќе ги спроведуваат и одржуваат сите европски заводи. Базата содржи повеќе од 60.000 термини, вклучувајќи ги сите термини од азбучните списоци според Ница.