Помош
logo
Како да ја користите датотеката за помош на TMclass

До датотеката за помош може да се пристапи од сите страници на TMclass со кликнување на зборот Help (Помош), на лентата за навигација во горниот десен агол. Главните опции, Пребарај термин, Провери список на термини, Преведи термин и Преведи список на термини, се опишани во датотеката на помош во точка 2. Во делот за помош за секоја опција може да се пристапи со кликнување на малото сино прашалниче покрај насловот на секој дел. ПРЕБАРАЈ: Ако не можете да го најдете тоа што го барате во датотеката за помош, тогаш притиснете на копчињата од тастатурата Ctrl и F додека е отворена датотеката за помош и внесете збор кој е поврзан со тоа што сакате да го знаете.

1. Вовед

Од гледна точка на подносителите за трговска марка постојат 3 можности кога се регистрира трговска марка:

  1. Национална трговска марка. Во зависност од земјата/земјите каде што барате заштита, треба да поднесете барање во секој национален завод за трговски марки поединечно. (Веб-врски до почетната страница)
  2. Трговска марка на Европската унија. За заштита во сите земји на Европската унија, треба да поднесете барање до EUIPO (Завод за интелектуална сопственост на Европската унија).
  3. Меѓународна трговска марка. За заштита во светски рамки, треба да поднесете барање до СОИС (Светска организација за интелектуална сопственост) (World Intellectual Property Office – WIPO).

Кога поднесувате барање за регистрација на трговска марка во некој од овие случаи, треба да ги знаете производите и/или услугите за кои сакате да ја заштитите трговската марка. Тие ќе бидат производи и/или услуги за кои или веќе ја користите трговската марка или веројатно ќе ја користите во блиска иднина.

производите и услугите се поделени во различни класи според Ничанска класификација. Моментално постојат 34 класи на производи и 11 класи на услуги. TMclass претставува алатка која ќе ви помогне да ја одредите класата или класите за вашите производи и услуги. Исто така, таа може да ви прикаже опис на производите и услугите, во текстот се наречени „термини“, кои биле прифатени од заводите што се дел од TMclass.

TMclass е централна точка од која може да се пристапи до базите на податоци за класификацијата на секој од заводите-учесници, кои се означени на почетната страница.

TMclass има 4 главни можности:

  • ПРЕБАРАЈ ТЕРМИН Може да пребарувате опис на производи и услуги (термини) и да дознаете во која класа припаѓаат пред да поднесете барање за заштита на трговска марка
  • ПРОВЕРИ СПИСОК НА ТЕРМИНИ Може да проверите дали некој список на производи и услуги од одреден јазик се појавува во базата на податоци на завод-учесник за трговски марки со истиот работен јазик.
  • ПРЕВЕДИ ТЕРМИН За секој збор/ови што ќе го/ги внесете може да најдете термини за класификација за производи и услуги што го содржат тој збор или зборови и превод за термините.
  • ПРЕВЕДИ СПИСОК НА ТЕРМИНИ Може да најдете еквивалентни термини на друг јазик на ЕУ за одреден список на описи на производи и услуги (термини).

Експорт во е-евиденција Откако ќе ги изберете термините за класификација со помош на една од четирите опции погоре, тие ќе се појават во Мојот список. Оттука може или да ги преземете и да ги зачувате на компјутер за понатамошна употреба или да ги ЕКСПОРТИРАТЕ во системот за е-евиденција од каде што дојдовте.

Пребарај термин:
Потврди го списокот термини
Преведи го терминот
Преведи го списокот термини
Избери термини Избери термини
Мој список Мој список
Извези во е-евиденција
Преземи на компјутер PC
Печати

2. Главни опции

2.1 ПРЕБАРАЈ ТЕРМИН

Опцијата Пребарај термин ви овозможува да најдете производи и услуги (термини за класификација) прифатени од различни заводи-учесници за трговски марки и класата во кои биле прифатени.

Зошто би сакале да ја користите опцијата Пребарај термин:

Опцијата Пребарај термин е особено корисна ако не сте сигурни како најдобро да ги опишете вашите производи и услуги. Ако сте во процес на поднесување на барање за трговска марка (можеби од формуларите за е-евиденција), овде може да го направите следново:

Кога поднесувате барање, неопходно е да се дефинира за што точно треба да се заштити трговската марка. За да се направи ова, од вас ќе се побара да ги класифицирате производите и услугите, а тоа едноставно значи дека ги ставате во групи според класата во која припаѓаат. Процесот ќе биде многу побрз ако користите термини за класификација кои се веќе одобрени од заводот за трговски марки каде што сакате да поднесете барање за заштита на трговска марка. Опцијата пребарај термин ви овозможува да пронајдете одобрени термини за да ги класифицирате вашите производи и услуги.

2.1.1 Пребарај термин

  1. Одберете јазик од паѓачкото мени
  2. Внесете опис на производите и услугите во полето за текст
  3. Притиснете на копчето за пребарување

Кога го внесувате описот на производите и услугите:

  • Може да користите само алфанумерички знаци - не разликува големи и мали букви.
  • Може да пребарувате само еден по еден термин.
  • Ако внесете повеќе зборови за пребарување, како на пример „бебешки пелени“, пребарувачот бара случаи каде што се наоѓаат зборовите „бебешки“ и „пелени“ во кој било редослед. Не бара опис за класификација со „бебешки“ или „пелени“
  • За да се вклучи и множина во пребарувањето („бебешко“ и „бебешки“), внесете ја основата („бебеш“).

2.1.2 Напредни критериуми

Со опцијата за Напредно пребарување може да ги ограничите резултатите од пребарувањето, на пример на конкретна класа или завод.

  • Кликнете на копчето за Напредно пребарување за да ги отворите критериумите за напредно пребарување.
  • Откако ќе ги промените критериумите за напредно пребарување, може да кликнете на копчето „Затвори напредно пребарување“ (изборно).
  • Покрај копчето Напредно пребарување ќе се појави текстот „Применети се дополнителни филтри“.
  • Може да ги задржите или да ги приспособите овие критериуми во текот на целото пребарување.

Режим на пребарување

Со помош на паѓачкото мени изберете во кој режим сакате да пребарувате описи за производи и услуги (термини):

  • Префикс на зборот: Ако внесете повеќе зборови за пребарување, како на пример „бебе пел“, пребарувачот бара случаи каде што се наоѓаат зборовите „бебешки“ и „пелени“ во кој било редослед. Не бара опис за класификација со „бебешки“ или „пелени“.
  • Целосна фраза: Најдете термини кои ги вклучуваат влезните информации точно како што се внесени во полето за текст.
  • Точно поклопување: наоѓа термини кои се исти како внесеното во полето за текст погоре.

Пребарај завод

Се појавуваат заводите-учесници кои доставиле податоци за TMclass за јазикот што сте го одбрале. Како стандардна опција се избираат сите заводи на тој јазик, на пример ако изберете англиски јазик, пребарувањето автоматски ќе ги опфати базите на податоци за ОК, Ирска, Малта, СОИС (WIPO) и EUIPO. Може да го ограничите пребарувањето на еден или повеќе од овие заводи со кликнување на полето за избирање пред иницијалите на заводот. Кликнете на Контакт за да добиете целосни информации за секој завод.

Избери класа од Ничанската класификација

Ничанската класификација е поделена на 45 класи на производи (класи од 1 до 34) и услуги (класи од 35 до 45). Може да го ограничите пребарувањето на една или повеќе од овие класи со кликнување на полето за избирање пред бројот на класата. (Види Види Класни заглавија од Ничанската класификација)

  • Може да ги изберете сите класи со кликнување на опцијата Избери сè.
  • Може да ги избришете сите избрани класи со кликнување на опцијата Избриши сè.

Главен термин

Може да се појават многу слични термини што претставуваат исти/слични производи и услуги. Секоја група термини има главен термин кој го претставува тој особен концепт. Покрај главниот термин, одреден концепт може да содржи „Варијанти“ (морфолошки промени на истиот термин) или „Еквиваленти“ (термини со исто значење како и главниот термин и термини кои содржат еквивалентни збор(ови) - кола <-> автомобил во примерот подолу).

Ако сакате да го ограничите пребарувањето на главните термини, кликнете на полето за избор пред „Прикажи само главен термин или претставник на концепт“.

Термин Вид
Автомобилски кит за каросерија Главен термин
Кит за каросерија на автомобили Варијанта
Кит за каросерија на коли Еквивалентен термин
Каросериски кит за коли Варијанта

2.1.3 Резултати

Откако ќе кликнете на копчето за Пребарување, резултатите од пребарувањето ќе се појават подолу како што следи:

Структурата на дрвото ќе се прикаже на левата страна од резултатите на пребарувањето. Тоа ќе покаже во која/и класа/и и групи припаѓа/ат добиениот/те резултат/и. Со кликнување на дадена класа или група, резултатот од пребарувањето може да се филтрира за да се ограничи терминот/те кој/и припаѓа/ат само на оваа конкретна класа или група.

  • Класа: Под Класа ќе го видите бројот на класата за секој термин за класификација.
  • Термин: Под Термин ќе го видите самиот термин за класификација.
  • Завод: Ќе ги видите иницијалите на заводот кој дава податоци за јазикот што ќе го изберете. Под заводите кои го прифатиле терминот за класификација ќе се појави зелен знак за штиклирање . (Кликнете на Контакт за да добиете целосни информации за секој завод.) Доколку нема зелен знак за штиклирање под називот на заводот, тоа значи дека терминот не е во базата на податоци за класификација. Тоа не значи дека тој термин ќе биде и неопходно отфрлен од страна на тој завод.
  • Избери: За да изберете термин за класификација, кликнете на полето за избор на крајната десна страна. На тој начин ќе го додадете терминот во Мој список (горе десно) за понатамошна употреба.

Прикажи информации за потеклото на терминот:

Кликнете на полето за избор пред оваа опција за да видите кои термини доаѓаат од Ничанската класификација, Трилатералниот договор, Усогласената листа или Класното заглавие.

Кодот со 2 знака (Ха, На, Ни, Тр) ќе се појави во дополнителни колони. Ако кликнете на овој код од два знака, тоа ќе ве поврзе на концептот на кој му припаѓа тој термин.

  • Ха = Хармо
  • На = Наслов
  • Ни = Ничанска
  • Тр = Трилатерален

Прошири го редот за да се прикажат целосните резултати:

Ако не го собира целосниот термин, кликнете овде и редот ќе се прошири со цел да го собере терминот.

2.1.4 Детали од резултатите

Ова дава преглед на распределбата на резултатите според Ничанската класификација, според изворот и според заводот-учесник надвор од вкупниот број на резултати.

2.2 ПРОВЕРИ СПИСОК НА ТЕРМИНИ

Опцијата Провери список на термини ви овозможува да проверите дали некој список на производи и услуги од одреден јазик се појавува во базата на податоци на завод-учесник за трговски марки кој го користи истиот јазик.

Зошто би сакале да потврдите список на термини.

Можеби сте регистрирале трговска марка во некој завод-учесник и можеби ќе сакате да ја регистрирате трговската марка во друг национален завод, во Заводот за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO) или Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС)

Откако ќе направите список на производи и услуги за еден завод (т.е. Завод за интелектуална сопственост на ОК – UKIPO), потоа може да потврдите кои од овие термини се прифатени во друг завод во кој исто така работен јазик е англискиот (т.е. EUIPO, СОИС (WIPO)...).

Ако сакате да потврдите дали вашиот список на производи и услуги се појавува во база на податоци на друг јазик, ќе треба прво да ја користите опцијата Преведи термин или Преведи список на термини.

2.2.1 Потврди список на термини

  1. Јазик: Одберете јазик од паѓачкото мени.
  2. Завод: Одберете ја базата на податоци од заводот каде што сакате да ги потврдите вашите производи и услуги. Ќе се појават само заводите во кои се користи ист јазик како оној што сте го одбрале.
  3. Внесете го вашиот список на производи и услуги во полето за текст со тоа што:
    1. ќе го одберете бројот на класата (види Класни заглавија од Ничанската класификација) и ќе го копирате/залепите од сопствениот извор или ќе го внесете во вашите термини за производи и услуги.
    2. ќе ја импортирате директно содржината од Мој список.
      Ако бројот на класата е:
      • Задебелен: Тој содржи термини.
      • Означен: Мојот список содржи термини во таа класа.
      • Активен: Класата е избрана. Вие сте моментално во таа класа.
      • Нормален: Ништо од горенаведеното.
      Ако вклучите повеќе од еден опис, секој од нив мора да биде одделен со точка-запирка. (Ако не го направите ова, списокот ќе се пребарува како единечен опис.) Ако импортирате од Мој список, тогаш ќе се вметнат повеќе знаци точка-запирка.
  4. Може да потврдувате само една по една класа. Изберете ја класата каде што сакате да ги потврдите вашите термини од списокот на класи во насловот на табелата (од 1 до 45).

Ако сакате да се прикажат сите класи што ги содржат термините што сте ги внесле, изберете Сите класи.

2.2.2 Резултати

Може да видите дали внесените термини постојат во наведените класа и база на податоци. Резултатите ќе се пријават на следниов начин:

Резултат

  • Во ред Пронајден термин во истата класа. Пронајден синоним во истата класа.
  • Идентичен термин во различен контекст. Пронајден термин во различна класа. Пронајден синоним во различна класа. Внесениот термин е пронајден делумно.
  • Не е пронајдено совпаѓање за терминот.

Влезни информации

  • Внесена класа: Избраната класа за термините што треба да се проверат.
  • Внесен термин: Термините што ги внесовте преку една од горенаведените опции А или Б.

Пронајден термин

  • Класа: Класата во која бил најден внесениот термин.
  • Термин: Терминот како што бил најден во избраната база на податоци.
  • Избери термин: Кликнете на полето за избор (крајно десно) за да го изберете терминот што треба да се додаде во Мој список.

2.3 ПРЕВЕДИ ТЕРМИН

Опцијата Преведи термин ви овозможува да најдете термини за класификација на еден од јазиците од ЕУ по ваш избор. За секој збор/ови што ќе го внесете може да најдете термини за класификација за производи и услуги што го содржат тој збор или зборови и превод за тие термини.

Зошто би сакале да преведете термин:

Го имате списокот на производи и услуги на еден јазик, но сакате да ја заштитите трговската марка во друга земја со различен работен јазик. Со опцијата Преведи термин може да најдете еквивалентен израз на јазик од ЕУ по ваш избор за даден термин за класификација.

Опциите што ќе ги изберете ќе се појават во Мој список (во горниот десен агол). Може да го повторите пребарувањето за различни термини и постепено да создавате свој список на прифатени производи и услуги на јазикот по ваш избор.

Откако ќе ги преведете термините за класификација, може да ги користите во барањето до соодветниот завод за трговски марки.

2.3.1 Преведи термин

  1. Одберете го јазикот од кој што сакате да преведете , од првото паѓачко мени.
  2. Одберете го јазикот на кој што сакате да преведете , од второто паѓачко мени.
  3. Внесете го терминот што сакате да го преведете и за којшто сакате да најдете класификација.
  4. Кликнете Преведе.

2.3.2 Напредни критериуми

Со опцијата за Напредно пребарување може да го ограничите пребарувањето на конкретна класа или завод.

Кликнете на копчето за Напредно пребарување за да ги отворите критериумите за напредно пребарување.

Откако ќе ги изберете критериумите за напредно пребарување, може да кликнете на копчето „Затвори напредно пребарување“ (изборно).

Покрај копчето Напредно пребарување ќе се појави текстот „Применети се дополнителни филтри“. Може да ги задржите или да ги приспособите овие критериуми во текот на целото пребарување.

Режим на пребарување

Со помош на паѓачкото мени изберете во кој режим сакате да пребарувате описи за производи и услуги (термини):

  • Префикс на зборот: Ако внесете повеќе зборови за пребарување, како на пример „бебе пел“, пребарувачот бара случаи каде што се наоѓаат зборовите „бебешки“ и „пелени“ во кој било редослед. Не бара опис за класификација со „бебешки“ или „пелени“.
  • Целосна фраза: Најдете термини кои ги вклучуваат влезните информации точно како што се внесени во полето за текст.
  • Точно преклопување: наоѓа термини кои се исти како внесеното во полето за текст погоре.

Преводи

Освен пребарувањето со прифатената терминологија од секој државен завод, ќе се изврши и пребарување за превод во преведувачката меморија каде што се зачувани преводите за претходните трговски марки.

Избери класа од Ничанската класификација

Ничанската класификација е поделена на 45 класи на производи (класи од 1 до 34) и услуги (класи од 35 до 45). Може да го ограничите пребарувањето на една или повеќе од овие класи со кликнување на полето за избирање пред бројот на класата. (Види Класни заглавија класификација)

Може да ги изберете сите класи со кликнување на опцијата Избери сè.

Може да ги избришете сите избрани класи со кликнување на опцијата Избриши сè.

2.3.3 Резултати

Откако ќе кликнете на копчето за преведување, резултатите ќе се појават подолу како што следи:

  • Класа: Под Класа ќе го видите бројот на класата за секој термин за класификација.
  • Термин на изворен јазик: Ќе ги видите термините за класификација кои го содржат зборот/зборовите што сте ги внесле.
  • Термин на целен јазик: Ќе го видите соодветниот превод на изворниот термин на наведениот јазик.
  • Завод: Ќе ги видите иницијалите на заводот кој дава податоци за јазикот што ќе го изберете. Под заводите кои го прифатиле терминот за класификација ќе се појави зелен знак за штиклирање . Кликнете на Контакт за да добиете целосни информации за секој завод. Доколку нема зелен знак за штиклирање под називот на заводот, тоа значи дека терминот не е во базата на податоци за класификација. Тоа не значи дека тој термин ќе биде и неопходно отфрлен од страна на тој завод.
  • Избери: За да изберете термин за класификацијата, кликнете на полето за избор на крајната десна страна. На тој начин ќе го додадете терминот во Мој список (горе десно) за понатамошна употреба.

Прикажи информации за потеклото на терминот:

Кликнете на полето за избор пред оваа опција за да видите кои термини доаѓаат од Ничанската класификација, Трилатералниот договор, Усогласената листа или Класното заглавие.

Кодот со 2 знака (Ха, На, Ни, Тр) ќе се појави во дополнителни колони. Ако кликнете на овој код од два знака, тоа ќе ве поврзе на концептот на кој му припаѓа тој термин.

  • Ха = Хармо
  • На = Наслов
  • Ни = Ничанска
  • Тр = Трилатерален

Прошири го редот за да се прикажат целосните резултати:

Ако не го собира целосниот термин, кликнете овде и редот ќе се прошири со цел да го собере терминот.

2.4 ПРЕВЕДИ СПИСОК НА ТЕРМИНИ

Може да најдете еквивалентни термини на друг јазик на ЕУ за одреден список на описи на производи и услуги (термини).

Зошто би сакале да потврдите список на термини:

Имате ваш список на производи и услуги на еден јазик. Но сакате да ја заштитите трговската марка во друга земја со различен работен јазик. Кликнете на Контакт за да добиете целосни информации за секој завод.

Со опцијата преведи список на термини може да пребарувате за еквивалентни термини на друг јазик од список на производи и услуги во само еден чекор. Откако ќе ги добиете преводите, може да ги искористите во барање до соодветен завод за трговски марки за да се заштити трговската марка во таа земја.

2.4.1 Преведи список на термини

  1. Изворен јазик: Одберете го јазикот од којшто сакате да преведете од првото паѓачко мени.
  2. Јазик-цел:Одберете го јазикот на којшто сакате да преведете од второто паѓачко мени.
  3. Внесете го вашиот список на производи и услуги во полето за текст со тоа што:
    1. ќе го одберете бројот на класата (види Класни заглавија од Ничанската класификација) и ќе го копирате/залепите од сопствениот извор или ќе го внесете во вашите термини за производи и услуги.
    2. ќе ја импортирате директно содржината од Мој список.
      Ако бројот на класата е:
      • Задебелен: Тој содржи термини.
      • Означен: Мојот список содржи термини во таа класа.
      • Активен: Класата е избрана. Вие сте моментално во таа класа.
      • Нормален: Ништо од горенаведеното.
    Ако вклучите повеќе од еден опис, секој од нив мора да биде одделен со точка-запирка. (Ако не го направите ова, списокот ќе се пребарува како единечен опис.) Ако импортирате од Мој список, тогаш ќе се вметнат повеќе знаци точка-запирка.
  4. Може да преведете термини само една по една класа. Треба да ја изберете класата од списокот на класи во насловот на табелата (од 1 до 45).
    Ако сакате да се прикажат сите класи што ги содржат термините што сте ги внесле, изберете Сите класи.

2.4.2 Резултати

Резултатите ќе се пријават на следниов начин:

Резултат

  • Во ред Пронајден превод во истата класа.
  • Пронајден превод во иста и различна класа. Преводот е пронајден делумно во различна класа. Преводот е пронајден делумно во иста и различна класа Преводот е пронајден делумно во различна класа. Преводот е пронајден делумно
  • Не е пронајдено совпаѓање за терминот. Терминот е пронајден, но нема превод за јазикот-цел.

Влезни информации

  • Класа: Избраната класа за термините што треба да се преведат.
  • Внесен термин: Термините што ги внесовте преку една од горенаведените опции А или Б.

Превод

  • Класа: Класата во која бил најден внесениот термин.
  • Термин: Превод на внесениот термин.
  • Завод: Ќе ги видите иницијалите на заводот кој дава податоци за јазикот што ќе го изберете. Под заводите кои го прифатиле терминот за класификација ќе се појави зелен знак за штиклирање . Кликнете на Контакт за да добиете целосни информации за секој завод.
  • Избери: За да изберете термин за класификација, кликнете на полето за избор на крајната десна страна. На тој начин ќе го додадете терминот во Мој список (горе десно) за понатамошна употреба.

2.5 Мој список

Термините за класификација што ги избирате од која било од главните опции (Пребарај, Потврди список на термини, Преведи термини и Преведи список на термини) ќе се зачуваат во Мој список (горе десно). За да ги видите избраните термини, кликнете на копчето Види.

Содржината од Мој список ќе се прикаже како што следи:

  • Класа: Класа на терминот.
  • Термин: Термините што сте ги внесле од која било од главните опции (Пребарај, Потврди список на термини, Преведи термин и Преведи список на термини).
  • Завод:Под заводот каде што е прифатен терминот ќе се појави зелен знак за штиклирање .
  • Избриши: Може да ја отстраните која било ставка од Мој список доколку ја изберете опцијата за бришење (кликнете на кантата за ѓубре )

Откако ќе ги соберете термините во Мој список, постојат 3 опции:

  1. Од Провери список на термини (3 B) може да ја импортирате содржината на Мој список со цел да потврдите дали тие термини се појавуваат во базите на податоци на други заводи со истиот јазик.
  2. Од Преведи список на термини (3 B) може да ја импортирате содржината од Мој список со цел да се преведе списокот на термини на јазик од ЕУ по ваш избор.
  3. Ако сте дошле од барање со електронско пополнување, може да ги извезете термините што сте ги собрале во Мој список назад во барањето за електронско пополнување за да ја завршите постапката за поднесување барање за трговска марка.

3. Странични функционалности и информации

3.1 Навигациска лента на горниот десен агол

  1. Почетна страница: Врска до почетната страница.
  2. За: Основни информации за TMclass. Почетниците да прочитаат!
  3. Вести: Написи и информации во врска со TMclass.
  4. Контакт: Податоците за класификација за трговски марки до кои пристапувате преку TMclass потекнуваат од заводите наведени во овој дел. За проблемите поврзани со овие податоци треба да контактирате со сопственикот на податоците.
  5. Помош: Врска до овој документ. Како да се користи TMclass.
  6. Класни заглавија од Ничанската класификација: Насловите од класата од Ничанската класификација многу општо ја опишуваат природата на производите и услугите што се содржани во секоја од 34 класи производи и 11 класи услуги. Од овде може да се пристапи до целиот список.

3.2 Контролни функции

  1. Големина на фонт: Ако сакате да го гледате текстот во поголем фонт, притиснете Ако сакате да го гледате текстот во помал фонт, притиснете
  2. Пријавување: Само административни корисници. Обичните подносители на барања не треба да се пријавуваат.
  3. Јазик на интерфејс: Може да изберете еден од јазиците за интерфејс.

3.3 Компатибилност

  1. Верзии на софтвер што треба да се користат: Оваа веб-апликација е оптимизирана за користење со Internet Explorer 9.0 или понов; Mozilla Firefox или Google Chrome.
  2. Препорачана резолуција на екранот Препорачана резолуција: 1024x768 или повисока.

3.4 Колачиња

Ако гледате порака дека е исклучена функционалноста за колачиња на вашиот веб-прегледувач, веројатно не се вклучени колачињата на веб-прегледувачот.

Microsoft Internet Explorer

За да вклучите колачиња во Internet Explorer 7 или 8:

  1. Кликнете Старт > Контролна табла. (Кај класичниот изглед со Windows XP, кликнете на Windows, копчето Старт > Поставки > Контролна табла).
  2. Кликнете двапати на иконата Опции за интернет.
  3. Изберете ја картичката Приватност.
  4. Кликнете Напредно.
  5. Изберете „Преиначи автоматско ракување со колачиња“ во делот „Колачиња“ во прозорецот за Напредни поставки за приватност.
  6. Изберете ја опцијата „Прифати“ или „Прашај“ во „Директни колачиња“.
  7. Изберете ја опцијата „Прифати“ или „Прашај“ во „Колачиња од трета страна“. (Ако ја изберете опцијата „Прашај“, од вас ќе се побара одобрение секојпат кога некоја веб-локација се обидува да ви испрати колаче.)
  8. Во прозорецот Опции за интернет кликнете Во ред за да излезете.

За да вклучите колачиња во Internet Explorer 6:

  1. Кликнете Старт > Контролна табла. (Кај класичниот изглед со Windows XP, кликнете на Windows, копчето Старт > Поставки > Контролна табла).
  2. Кликнете Напредно.
  3. Изберете „Потисни автоматско постапување со колачиња.“
  4. Изберете ја опцијата „Прифати“ или „Прашај“ во „Директни колачиња“.
  5. Изберете ја опцијата „Прифати“ или „Прашај“ во „Колачиња од трета страна“. (Ако ја изберете опцијата „Прашај“, од вас ќе се побара одобрение секојпат кога некоја веб-локација се обидува да ви испрати колаче.)
  6. Во прозорецот Опции за интернет кликнете Во ред за да излезете.

Mozilla Firefox

  1. Кликнете Алатки > Опции.
  2. Кликнете Приватност на горната табла.
  3. Поставете „Firefox ќе:“ за да користи кориснички приспособливи поставки за историјата на прегледување.
  4. Штиклирајте го полето веднаш до „Прифаќам колачиња од веб-локации“ за да ги вклучите колачињата.
  5. Кликнете Во ред.

За да вклучите колачиња во Mozilla Firefox 2.x за Windows:

  1. Кликнете Алатки > Опции.
  2. Кликнете Приватност на горната табла.
  3. Штиклирајте го полето за избор со ознака „Прифати колачиња од веб-локации.“
  4. Кликнете Во ред.

За да вклучите колачиња во Mozilla Firefox за Mac:

  1. Одете на паѓачкото мени од Firefox.
  2. Изберете Претпочитани вредности.
  3. Кликнете Приватност.
  4. Поставете „Firefox ќе:“ за да користи кориснички приспособливи поставки за историјата на прегледување.
  5. Штиклирајте го полето веднаш до „Прифаќам колачиња од веб-локации“ за да ги вклучите колачињата.
  6. Кликнете Во ред.

Google Chrome

За да вклучите колачиња во Chrome за Windows:

  1. Кликнете на менито Алатки.
  2. Изберете Опции.
  3. Кликнете на картичката Под капакот.
  4. Кликнете Поставки за содржина во делот „Приватност“.
  5. Изберете овозможи поставување на локални податоци за да се вклучат директните колачиња и колачињата од трета страна. Ако сакате да прифатите само директни колачиња, изберете го полето веднаш до „Блокирај ги сите колачиња од трета страна без исклучок.“

За да вклучите колачиња во Chrome за Mac:

  1. Изберете Chrome > Претпочитани вредности на лентата за менито.
  2. Кликнете на картичката Под капакот.
  3. Кликнете Поставки за содржина во делот „Приватност“.
  4. Изберете овозможи поставување на локални податоци за да се вклучат директните колачиња и колачињата од трета страна. Ако сакате да прифатите само директни колачиња, изберете го полето веднаш до „Блокирај ги сите колачиња од трета страна без исклучок.“

Safari

За да вклучите колачиња во Safari:

  1. Одете на паѓачкото мени од Safari.
  2. Изберете Претпочитани вредности.
  3. Кликнете Безбедност на горната табла.
  4. Под „Прифати колачиња“ изберете Само од локации што ги посетувате.

Ако се вклучени колачињата во вашиот прегледувач, но сепак гледате порака за грешка дека е исклучена функционалноста на прегледувачот за колачиња, отворете нов прозорец во прегледувачот. Понекогаш колачињата од прегледувачот нема да работат правилно кога користите повеќе картички во прозорецот од прегледувачот.


4. Поимник

Термин Дефиниција
Наслови на класа Општи навестувања за производи и услуги во секоја класа од Ничанската класификација која служи како пример за тоа кои производи и услуги се вклучени. Видете Наслови за класа од Ничанската класификација на почетната страница.
Класификација Барањата за трговска марка мора да вклучуваат список на сите производи и/или услуги кои ќе ги користи трговската марка и за кои обемот на заштите е во рамките на Ничанската класификација.
Електронско пополнување Можете да пополните барање за трговска марка на интернет со помош на системот за електронско пополнување. Моментално постои веб-врска од системот за електронско пополнување на EUIPO до TMclass и може да ги извезете податоците собраните во Мој список повторно во овој систем за електронско пополнување. Другите системи за електронско пополнување од другите заводи наскоро ќе постават врски до и од TMclass.
Хармо Кратенка за хармонизација од Список за хармонизација. Ова ги опфаќа заводите кои се дел од проектот за хармонизација. (Види За) Овие заводи ги користат истите термини за класификација за производи и услуги, иако може и на различни јазици.
Наслов Се однесува на Наслов на класа (погоре).
Ничанската класификација Меѓународната класификација (Ничанската класификација) на производи и услуги за регистрација на марки служи да го одреди обемот на заштита на трговски марки. Иако унијата не е дел од Договорот од Ница, EUIPO ја усвои употребата на Ничанската класификација и ја прогласи за задолжителна за баратели на трговска марка во Европската унија. Ничанската класификација е поделена на класи на производи (класи од 1 до 34) и услуги (класи од 35 до 45). Секој број на класа е претставен со наслов со што се даваат општи информации за видот на производите или услугите на кои им припаѓа. (За повеќе информации видете во За)
НЕ Државен завод (Државен завод за трговски марки). Секоја од земјите во ЕУ има свој Државен завод за трговски марки. Белгија, Холандија и Луксембург имаат комбинирани заводи и обично се однесува на ‘Бенелукс’. Над половина од овие заводи придонесуваат со податоци во TMclass.
ЗУ Завод-учесник. Заводи кои придонесуваат со податоци во TMclass. Бидејќи некои од заводите, како што е СОИС (WIPO), не се државни заводи, оваа кратенка полека ја заменува употребата на ЗУ. Кликнете на Контакт за да добиете целосни информации за секој завод-учесник.
Термин Лексичка единица, обично збор што опишува стока или услуга, одделен од другите термини со точка-запирка.
Трилатерален договор EUIPO, САД и Јапонија се членови на Трилатералниот договор во кој има заеднички список за класификација: Овој список на производи и услуги се ажурира секој месец. (За повеќе информации видете во За)
Структура на дрво Претставува структура во која се групирани термини со слични карактеристики сортирани хиерархиски.
Индекс